Семејството Кардашијан за брзо ќе ја објави новата сезона од реалното шоу „Кардашијани“, а во најавата открија дека ќе има многу драма. Емисијата е најавена за 25 мај кога ќе почне да се емитува.
Во новата сезона ќе има многу смеа и солзи, а серијата исто како и претходната ќе се емитува на Hulu. Од досега прикажаното може да се види дека Клои е во особено тешка состојба. Дијагностициран ѝ е рак на кожата, кој морал да ѝ биде отстранет.
View this post on Instagram
„Меланомот е смртоносен. Ова беше многу поопасно отколку што мислев на почетокот“, рече една од сестрите.
Оваа сезона Кајли (25) ќе продолжиме да ја гледаме во улога на мајка, но се чини дека младата инфлуенсерка е подготвена да ја покаже и нејзината друга страна.
„Би била најсреќна ако никогаш не се оперирав. Мора повеќе да размислуваме за стандардите за убавина што ги наметнуваме“, рече најмладата Кардашијан.
Ќе може да се види и конфликтот меѓу најстарите сестри Ким (42) и Кортни (44). За потсетување Кортни минатата година се омажи за музичарот Тревис Баркер (47). Нивната луксузна венчавка во Портофино, во Италија, беше настан на годината, но остана горкиот спомен за младенците.
„Таа ја искористи мојата венчавка како деловна можност. Таа е таква до срж“, рече Кортни, на што Ким одговори дека не разбира од каде и доаѓа целиот тој гнев кај нејзината сестра.
Вистинската причина за последната расправија сè уште не е откриена, но Кендал рече дека Кортни се чувствува како Ким со нејзиниот претприемачки начин на размислување да ѝ ја украла свадбената магија. Сестрите имаат долга историја на конфликт, а во 2020 година дури и влегоа во физичка пресметка.
Кардашијанови ги гледавме од 2007 до 2021 година како дел од реалното шоу на E! „Keeping up with the Kardashians“.