Заменик командирот на радовишката противпожарна единица Александар Кулашик правел свадба, а по невестата отишол со противпожарно возило. Возлото било накитено со машни и знамиња и било вистинска атракција низ Радовиш.
Противпожарно возило е донација од Британската противпожарна асоцијација „Операција Флоријан“. Тоа е всушност најновото возило од возниот парк на радовишката противпожарна единица.
Возилото кое го позајмил заменик командирот за својата свадба е целосно опремено, и наменето за гаснење на урбани и шумски пожари, како и за технички интервенции при сообраќајки. Исто ова се има случено и во Хрватска.