Концертите се враќаат во Македонија

By

Комисијата за заразни болести денеска дозволи да се организираат настани, кажа министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека комисијата го прифатила предлогот на Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани. Тие биле на заедно на состанок минатата недела, но за ова донеле солиден протокол со строго контролиран влез.

Веста со радост ја пренесе и првиот човек на “Авалон продукција“, Бобан Милошески кој вели:

“Успеавме да се договориме со Министерство за Здравство концертите да се вратат во Македонија под повеќе од достоинствени услови за публиката да може да ужива, а сепак под протоколи (маска и скратени капацитети) за безбедно одржување. Авалон се враќа со одлична концертна понуда за август и септември – опен аир.Сите детали – следната недела. Време е за нешто убаво и ова лето“, вели Бобан од “Авалон“.

Ќе ви се допадне