Кралот Чарлс го исфрли принцот Ендру од палатата и му ги одзеде сите привилегии, персонал и обезбедување

Принцот Ендру повеќе нема да ги извршува должностите како член на кралското семејство, откако неговиот постар брат, кралот Чарлс Трети му ги укина сите бенефиции, пренесе „Њујорк пост“. Чарлс му го укина правото да ја користи канцеларијата во Бакингемската палата и нема да има повеќе платен персонал.

Исто така Ендру нема да има право на кралско обезбедување. Вработените во палатата забележаа дека принцот Ендру повеќе не е посакуван во кралското семејство.

„Кралот беше сосема јасен и недвосмислен за тоа неговиот помлад брат да почне да се грижи сам за себе, а единствената привилегија која му остана е можноста да престојува на имотот во Виндѕор“, откриваат извори од кралската палата.

Посрамениот принц поднесе оставка од должноста кралско семејство пред три години кога беше поврзан со сексуалниот претстапник Џефри Епстајн и Гислајн Максвел. Ендру повеќе нема да смее да има канцеларија во палатата која му служеше како кралско седиште, откри изворот за британски „Сан“.

Кралицата Елизабета наводно му дозволила на Ендру да продолжи да ја користи палатата и да го задржи малиот персонал откако отстапи од јавната должност во 2020 година.

Се чини дека протерувањето на принцот од кралското седиште е последната во низа казни, откако се обиде да сокрие дека ја познава Вирџинија Џуфре, жената која го тужеше тврдејќи дека ја приморал на секс кога била малолетна и тоа по налог на Епстајн и Максвел.

Иако Ендру не ги негираше обвинувањата, на крајот се спогодија и плати 12 милиони долари.

 

Scroll to Top