Криси Тиген призна дека е алкохоличар

Жената за која Џон Леџенд ја испеа песната „All of Me“, Криси Тиген, отворено проговори за својот најголем проблем – алкохолизмот. Манекенката, водителка и сопруга на Леџенд си ја отвори душата и призна дека има толку голем проблем со алкохолот што на ниту еден настан не престанува по првата чашка туку дека се однесува како целосен идиот затоа што се опива. Овој порок успешно го криеше од јавноста, а неодамна конечно си призна и себеси дека е алкохоличар кому му треба лекување.

– Додека ме шминкаа знаев да се напијам по една чаша вино, а на самиот настан да пијам без престан, и потоа да бидам непријатна со луѓето кои ми се најблиски. Ужасно е да се посрамиш пред сите нив. Сега е на ред борбата со алкохолот, изјави Тиген.

Scroll to Top