Легендарниот голман Буфон ја заврши кариерата на 45 години

Џанлуиџи Буфон, легендарен голман и светски првак со Италија, објави крај на играчката кариера на 45 години.

„Тоа е сѐ народе. Ми дадовте сѐ, јас ви дадов сѐ. Го направивме тоа заедно“, напиша Буфон на социјалните мрежи.

Во текот на 28-годишната кариера Буфон стана светски првак во 2006 и освои десет шампионски титули со Јувентус и една со Пари Сен-Жермен.

Последните две години од кариерата Буфон беше голман за италијанскиот второлигаш Парма, каде што и ја започна кариерата.

Произлегувајќи од академијата на Парма, Буфон дебитираше во Серија А во ноември 1995, пред да премине во Јувентус во 2001. Таму го помина најголемиот дел од кариерата, правејќи пауза во сезоната 2018/19, кога беше дел од ПСЖ.

Во Серија А одигра рекордни 657 натпревари, додека дресот на репрезентацијата на Италија го носеше 176 пати, што е рекорд за голманите.

Scroll to Top