Легендарниот велшки фудбалер Герет Бејл се повлече од фудбалот

Најдобриот велшки фудбалер Герет Бејл на 33 години објави дека се повлекува од фудбалот и заминува пензија. Рече дека се чувствува среќно што во животот го избрал фудбалот и дека со него го живеел некои од најубавите моменти во животот.

„Од првиот допир со топката во Саутемптон до последниот во Лос Анџелес и се меѓу ја обликуваше мојата клупска кариера на која сум горд и благодарен. Да се игра и да се биде капитен на Велс 111 пати е остварување на сонот. Им се заблагодарувам на сите кои влијаеа на еден или друг начин на мојата кариера и ми помогнаа да го променам животот и да го обликувам како што сакав. Исто им се заблагодарувам на моите поранешни клубови Саутемптон, Тотенхем, Реал Мадрид и ФЦ ЛА, моите родители мојата сестра, мојата сопруга и децата. Ја почнувам следната фаза од својот живот. Време на промена и транзиција, шанса за нова авантура“, рече Бејл.

За потсетување, Велшанецот со Реал пет пати беше шампион на Европа, четири пати шампион на светот, три пати шампион на Шпанија, три пати освојувач на УЕФА Суперкупот. Со Тотенхем го освои Лига купот во 2008 година, а со Лос Анџелес МЛС купот. Со Велс, шест пати беше фудбалер на годината.

Scroll to Top