Легендата на Реал, Фернандо Јеро чека бебе со хрватската новинарка Фани Стипковиќ

Легендарниот шпански фудбалер Фернандо Јеро (55) објави дека чека дете со хрватската новинарка и поранешна манекенка Фани Стипковиќ. Двојката веќе една година е во љубовна врска. Фани Стипковиќ лани откри дека го запознала Јеро во 2019, кога службено била во Мадрид. Потоа двојката се сврши. Јеро беше 28 години во брак со Сонија Руис, со која имаат две деца, а се разделија пред 5 години. Фудбалерот за  Реал Мадрид играше од 1989 до 2003, освои 17 трофеи и  беше незаменлив и во шпанската репрезентација. Тој беше и селектор на Шпанија на Светското првенство во Русија во 2018.

Scroll to Top