Водителката Лила Стојановска вечерва го прослави својот 46. роденден. Таа роденденот го славеше со своите пријатели во една од скопските кафеани, а детали од забавата сподели со своите следбеници на „Инстаграм“ и „Фејсбук“.
Лила објави неколку фотографии од подароците, колачињата со нејзиното име и куса видеоприказна каде што со пријателите и тамбурашите во кафеаната ја пеат песната „Срце је моје виолина“ од Лепа Лукиќ.
Лила на забавата дојде облечена во фустан со длабоко деколте, а за изборот на гардеробата доби бројни пофалби, но доби и бројни честитки за роденденот.