Лондон веќе не е најскапиот британски град

Високите цени за кирија и огромната цена на точеното пиво од 9,5 фунти сепак не беа доволни Лондон да го задржи приматот најскап град за живеење во Британија – по неколку години од престолот го симна соседниот Оксфорд.

Според последните испитувања, во историскиот град, кој воедно е дом и на еден од најпрестижните светски универзитети, постои највисока разлика помеѓу трошоците за купување недвижности (385.372 фунти) и просечниот годишен приход на неговите жители (36.033 фунти).

Од друга страна, најпристојно место за живеење (од финансиски аспект) е градот Стирлинг во Шкотска, каде што трошоците за купување недвижности се 3,7 пати поголеми од просечната годишна плата на граѓаните.

Scroll to Top