Луисана Лопилато го промовира својот нов филм

Поранешната млада бунтовничка, Луисана Лопилато, по неколку години му се врати на актерството и деновиве го промовира својот нов филм Los que aman, odian. Првата од неколкуте промоции се одржа во Буенос Аирес каде што актерката дојде во друштво на сопругот, пејачот Мајкл Бубле.

Популарната 30-годишна Аргентинка беше облечена во елегантен црвен фустан, дополнет со сребрена металик-јакна.

Подолу можете да го гледате трејлерот за нејзиниот нов филм.

Scroll to Top