Албанскиот премиер Еди Рама објави на Фејсбук дека еден од најпопуларните луксузни брендови „Луј Витон“ во продажба пуштил чанти на кои го има албанското национално знаме.
„Нова чанта на „Луј Вуитон” со најубавото знаме во светот“, напиша Рама.
Чантата на „Луј Витон“ со албанско знаме чини 9.900 долари.
Рама исто така се пофали дека еден од најпознатите производители на часовници во светот „Франк Мулер” од Швајцарија пуштил во продажба специјален модел на луксузен часовник изработен од челик и црн титаниум, со ликот националниот херој на Албанците Ѓерѓ Кастриот Скендербег.