Магионичар му ја запали главата на Симон Ковел додека изведуваше трик

Натпреварувач во шоуто „Британија има талент“, му ја запали главата на водителот Симон Ковел за време на магичен трик, пренесе британски британски „Мирор“.

Го викна на сцена и му стави капа натопена во запалива течност. Му ја заклучи во кутија, отворена однапред за да може публиката да гледа. Испушти пламен во кутијата. Главата на Симон гореше, а публиката беше во шок.

„Сите викаа и станаа од место. Беа изненадени. Кога го изгаснаа Симон се изненади, но му олесна кога се врати на место“, рече еден од гледачите.

„Почувствував како ми истура течност, но не знаев дека е запалива“, рече Симон откако трикот заврши.

Колешката Алеш Диксон беше исто исплашена.

„Симон ти ја запалија главата. Беше страшно, но знаев дека си храбар. Сватив колку ми е грижа за тебе и бев подготвена да те спасам“, рече Диксон.

Новиот судија во шоуто Бруно Тониоли, рече дека го потсетило на сцена од филмот Saw.

„Кога му ја видов главата бев изненаден. Никогаш немам видено вакво нешто“, рече Бруно.

Scroll to Top