Мајка новинарка си го продавала детето за 12 долари

Новинарка од САД, Мисисипи, пред неколку дена објавила фотографија од својот син на „Твитер“ под која напишала:

„Продавам тригодишно  момче за 12 долари или за некоја друга добра понуда“, пишувало на статусот на кој многу од нејзините пријатели коментирале, но се нашол и некој кој го пријавил тоа во центар за социјални служби.

Неколку дена по објавата, мајката ја известиле дека ќе мора да го земат детето од градинка и да поразговараат со него за да видат дали се работи за трговија за луѓе.

Иако жената се шегувала,  социјалните работници разговарале со детето и утврдиле дека нема никаква опасност.

Таа инаку работи како новинар и има повеќе од 9 илјади пријатели, меѓу кои и конкуренти, за кои таа верува дека го пријавиле случајот поради љубомора.

Scroll to Top