Македонија е на 59 место по брзина на интернетот во светот – Еве каде се Србите, Албанците, Хрватите

Најбрз интернет на свет има Сингапур, најспор Јемен, додека Србија е на 41 место на листата на 189 земји.Тестовите покажаа дека најбрзиот интернет го има Сингапур, а во просек 55,13 Mbps, што е доволно за превземање на 7,5 GB HD филм за 18 минути и 34 секунди.Најбрзиот интернет на светот го има Сингапур, најбавниот Јемен, додека Србија е на 41 место на листата од 189 земји, покажа новото истражување.Интересно е дека сите земји од поранешна Југославија (СФРЈ) имаат побрз интернет од Црна Гора. Словенија е најдобро пласирана од земјите на поранешна СФРЈ, и се наоѓаат на 25 место, следи Хрватска на 40, Србија на 41, Македонија на 59, Босна и Херцеговина на 61.Албанија е единствената земја од соседството кое е послабо рангирана од Црна Гора и се наоѓа на 78 позиција, покажаа тестирањата.

Инаку, во текот на 12 месеци до 10 мај, оваа година шурум светот се спроведени повеќе од 63 милиони тестирања со брзина на интернетот.

Превземањето на филм од 7,5 GB во Јемен, земја која е последна на листата и која има просечна брзина од само 0,34 Mbps би траело повеќе од два дена.

Шведска, Тајван, Данска, Холандија и Летонија бележат просечна брзина поголема од 30 Мbps, што британската регулаторна агенција за телекомуникации Ofkom (Оfcom) ја дефинира „супер брзината“.

Истовремено во 139 земји имаат просечна брзина на интернетот од 10 Mbps, што, според Офком, е минимална брзина која може да одговори на потребите на просечно семејство.

Меѓу 30 земји со најбрз интернет воглавно се државите во Европа и Азија, додека во Африка повеќе од половина од земјите се со најслаб перформанс, објави cable.co.uk кои овозможуваат советодавни услуги за бритаскиот провајдер на интернет, ТВ и телефонијата.

 

Scroll to Top