Македонката Антонија е балерината што ја освои Европа

Деветгодишната Антонија Атанасова е талентирана балерина што ја обиколи Европа. За оваа девојче од Македонија слушнале речиси сите европски метрополи каде што таа се натпреварувала и ги освоила сите први награди во класичен балет.

 

Антонија, која е членка на балетското студио „Арт балет“, и досега учествувала на сите интернационални балетски натпревари во Бугарија, Италија, Холандија, Германија, Италија, Србија, Грција, Романија, Македонија и нема место од каде што не дошла со златен медал.

Но, ова е само почеток за Антонија Атанасова, која набргу ја очекуваат нови предизвици и натпревари каде што ќе се претстави со класичен балет.

 

 

Scroll to Top