Македонките се секси во корсети и кожа: Мите Занов ја претстави пролетната колекција

Македонскиот дизајнер Мите Занов вчеравечер ја промовираше својата нова пролетна колекција “Ноктурнал”. Пред колегите дизајнери, поранешни модели, многу музичари, јавни личности и бројни пријатели, тој во “Сити хол” претстави парчиња во кои, како и претходно, доминираа корсетите и кожата.

Специјална гостинка беше српската пејачка Сара Јо, која носеше креација на Занов и ја гледаше ревијата од публика.

Занов за колекцијата пролет 2023 избра монохроматски модели, а креациите беа во бела, златна, беж, виолетова и црна боја. Панталоните и фустаните дизајнерот ги комбинира со високи чизми и впечатливи шапки, но и златни детали и ракавици над лактите.

Во публиката имаше и стилисти, кои коментираа дека Занов и овој пат го задржа својот препознатлив стил,но дека внесе и свежина со шеширите. Дел од дамите во публиката носеа корсети од Занов, па така, во негови креации беа облечени Јана Бурческа, Теа Теајковска, Елена Николовска и неколку македонски инфлуенсерки.

А. Јовановска 

Scroll to Top