Македонската манекенка Горјана Кулишевска се фотографираше за светскиот моден бренд Александар Меквин

Манекенката Горјана Кулишевска – Џоја од Македонија неодамна во Милано се фотографираше и изработи лукбук за престижниот светски моден бренд Александар Меквин.

Фотосесијата била организирана во главните простории на модната куќа во Милано, е фотографиите се наменети за познатата групација „Нет-а-Портер“.

Кулишевска неодамна потпишала договор со една од најдобрите модни агенции „Некст Моделс“, по што веднаш и следувал ангажман.

„Кулишевска е долги години на модната сцена, но сепак победата на „Лице на Годината за 2017 година“ и ги отвори вратите на светскиот моделинг. Покрај Моделс Ин Менаџмент кариерата на нашата Џоја и ја води познатата менаџерка Јелена Ивановиќ од Белград која успешно ја пласираше во Милано и Париз. Елегантна, софистицирана и професионална, Кулишевска е синоним за врвен модел која секогаш успева посветено да работи како интернационален модел и воедно одличен студент по молекуларна биологија. Од Септември почнува новата сезона за Џоја и веруваме следува некоја докажана модна дестинација”, велат од нејзината матична агенција Моделс Ин.

Scroll to Top