Македонски дизајнер ја облече хрватската пејачка Франка Бателиќ за шоуто „Танц со ѕвездите“

Хрватската пејачка Франка Бателиќ за новата сезона од шоуто „Танц со ѕвездите“ одбра креација на македонски дизјанер. Долгиот фустан со златна боја и корсет е дизјан на Митко Занов.

Горниот дел од фустанот е во форма на корсет, во комбинацијата црните кожени ракавици. Пејачката изгледот го комплетирала со впечатлив златен накит, висечки обетки, прстени и нараквица над ракавиците

Во Хрватска започна новата сезона на „Танц со ѕвездите“, во кое учестуваат 13 танчувачки парови. Нивното танцување ќе го оценува жири составено од Марко Цибочи, Игор Барбериќ, Лариса Липовац Навојец и Франка Бателиќ.

 

Scroll to Top