Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе се натпреварува на фестивалот „Кинест фест 2023“, кој ќе се одржи во Катанија, Италија.
Ова е трето издание на фестивалот, кој е фокусиран на кинематографијата на Источна и Централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај. Премиерата на „Преекспонирано“ ќе се одржи на 7 и 8 мај, а режисерката Елеонора Венинова ќе одржи и работилница.
Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ беше на А-фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември минатата година. Азиската премиера, пак, се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија, од 2 до 9 февруари оваа година. Во тек се интензивни подготовки и за премиера пред домашната публика.
Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов бо на режија: Елеонора Венинова. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм, Српскиот филмски центар и од „Еуримаж“.