Македонскиот фудбалер Стефан Младеновски потпиша договор за Црвена звезда

Фудбалерот Стефан Младеновски (16) од Скопје потпиша договор со фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда и е новиот професионален фудбалер во дресот на овој клуб.

„Иако неодамна пристигна во нашата академија, веќе го привлече вниманието на водечките луѓе со одлични натпревари и заслужено го заработи првиот професионален договор. На пролет ќе настапи за селекцијата на помлади кадети на Црвена Звезда, а сигурни сме дека Милорад Вилотиќ има големи очекувања“, информираат од Младинската школа на Црвена ѕвезда.

Стефан важеше за најдобар стрелец во генерацијата 2007 и еден од најнадежните во фудбалскиот клуб Вардар.

Scroll to Top