Македонскиот каратист Витомир Трајковски освои бронза на Светската карате-лига

Македонскиот каратист и член на клубот Макпетрол, Витомир Трајковски, освои бронзен медал на Светската карате лига  што се одржа во Атина. Тој во натпреварот за трето место го победи црногорскиот каратист Никола Маловиќ со 5:0.

До натпреварот за бронзениот медал, Трајковски имаше пет победи, а за влез во финалето загуби минимално од Константинос Мастрогијанис со 1:0.

Ова е 45-ти медал за Макпетрол од досегашните повеќегодишни учества на Светската карате лига, а прв медал оваа година.

На Карате 1 Серија А во Атина настапуваат 1116 натпреварувачи од 75 држави.

Scroll to Top