Танцовиот клуб Брејк А Лег од Скопје победија на гала вечерта во категоријата група и формација, како и шампиони во категоријата хип хоп формација јуниори и хип хоп група сениори на меѓународниот натпревар во танци Бања Лука Денс Фест. Танцовиот натпревар се одржа на 17 декември во Бања Лука, Босна и Херцеговина со учество на 1200 натпреаварувачи од Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Црна Гора и Македонија.
„Гран при на Меѓународниот Танц Фестивал Бања Лука, златни деца“, велат од клубот.
Во поединечни категории Исидора Андреевска освои прво место во категоријата хип хоп соло сениори, а Лавинија Волнарска го освои третото место во истата категорија.
Ангела Казанџиска освои прво место во категоријата хип хоп бетл Јуниори 1, како и второ место во категоријата хип хоп соло јуниори 1.