Манекенка имала афера со Трамп ѝ го обвини дека ѝ нудел пари за секс

Бившата манекенка Карен Мекдугал, тврди дека имала афера со бившиот претседател на САД, Доналд Трамп која траела 10 месеци. Таа во интервју за „Дејли Мејл“ откри детали.

„Знае да биде дрзок и вулгарен, но има и свои љубезни моменти и тоа значи дека во него има нешто човечко. Мора да биде повеќе сочувствителен за луѓето општо, многу повеќе“, рече Карен, која додаде дека била заљубена во него.

„И тој беше во мене. Знам затоа што постојано ми говореше за тоа. Ми зборуваше дека сум негова и ме запознаваше со пријателите“, додаде манекенката.

Двајцата се запознале во вилата на Хју Хефнер, за натпреварувањето на Трамп во реалното шоу Celebrity Apprentice. Тоа се случило додека Трамп беше во брак со Меланија. Трамп го замолил персоналот од обезбедувањето да му го набават нејзиниот број, а неколку дена подоцна се дружеле во Беверли Хилс хотелот, каде поминале една ноќ заедно. Тогаш Трамп ѝ понудил пари.

„Му одговорив дека не сум таков тип на девојка“, рече Карен.

Неколку дена потоа, Трамп ја поканил на вечера. Двајцата се забавувале повеќе од 10 месеци, а Карен призна сега дека се чувствува посрамотено што му била љубовница. Трамп пак ги негираше сите нејзини изјави за наводната љубовна афера.

 

 

Scroll to Top