Марјана ала Карлеуша: Мами на реклами со деколте до брадавици

Ако Србите ја имаат Јелена Карлеуша, ние ја имаме Марјана Станојкоска. Обете секс бомби, во различни професии. Згодни, секси и ултрапровокативни – секоја на свој начин!

Еве, на пример нашата водителка и лото девојка не пропуште прилика својата убавина добро да ја валоризира, рекламирајќи разно-разни домашни и странски брендови. Штом отворите Фејсбук или Инстаграм, еве ви ја Марјана, како позира во разни пози и изданија, за различни прилики, на разни места и зданија.

Сепак едно е сигурно: Во последно време Марјана изгледа не се слика џабе ни за лична карта! Речиси секоја нејзина постирана фотографија има своја позадина, има каде, како, за кого, зошто… и најверојатно, за колку!

Но тоа е нејзина работа. Во дилот никому не му се мешаме, ама затоа ќе направиме анализа на приложеното!

Марјана, во стилот на Карлеуша, повеќе од атрактивна и доволно провокативна, ултра секси и привлечна, со својот изглед и сексапил просто Ве мами да се „залепите“ на нејзините реклами.

За УЕФА Суперкупот, за еден од најпознатите брендови за безалкохолни пијалаци на светот, за разни марки на рачни часовници, очила за сонце, костими за капење…

Без разлика, што на себе ќе облече:  деколтирани  до брадавици, жолти маички или розеви гаќички, син едноделен костим капење или фустан со шлиц до препони од кои ви се дига… адреналинот…!

Марјана знае како да ве намами, за да ви ги „протне“, нејзините реклами!

(Извор/Вистина)

Scroll to Top