Кога пред повеќе од 15 години пејачот Владо Јаневски реши да се повлече од јавноста и медиумите, како од вулкан тргнаа муабетите дека е болен. За едни од СИДА, за други од рак. Сега кога пак реши да се врати во јавноста, за едни е геј, за други со Дунавка, за трети пеглан во лицето. Тогаш не излезе да каже дали има макар малку вистина во муабетите за болестите, туку ја остави работата, како што вели тој, да помине сама од себе.
„Добро е да ме прашаш како останав нормален во сето тоа. Се затворив со мојата тогашна девојка и не излегував никаде. А тогаш имав 40-ина години, значи зрел за да знам што понатаму. Ни таа не ме разбра, па си отиде, а јас се трудев да останам нормален и да не посегнам по дроги, алкохол или да паднам во депресија“, раскажува Владо во интервјуто за „Репортер“.
Иако и денес го носи епитетот чаирски романтичар, ни раскажа дека приказната е поинаква оти од центарот на Скопје отишол да живее во Чаир. Но, вели, „Чаирска роматика“, секако, ќе ја пее на 16 март во салата „Борис Трајковски“ на големиот концерт по повод 25 години соло-кариера.
Во разговорот ни откри дека од сега нема да се крие и ќе го има во медиумите. Но, за тоа како реагира на муабетите и од каде тргна приказната дека е геј, до тоа дали правел естетска операција на лицето, но и дали планира да се жени, има ли нова љубов, за тоа дека внимава на изгледот и е во стилот на Карл Лагерфилд… гледајте го интервјуто.
Александра Георгиев