Меџик Џонсон во Дубровник: Храна е вкусна, а поглед на тврдината прекрасен

Легендарниот кошаркар и еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња Меџик Џонсон повторно е на одмор во хрватски град Дубровник. Со неговата сопруга Куки Џонсон, тој вечерал во еден локален ресторан и уживал во погледот кон тврдината Ловриенац. Тој сподели  неколку фотографии и вели дека си поминуа прекрасно.

„Глетката беше спектакуларна, а храната прекрасна. Зад нас е тврдината Ловриенац, каде се снимаше телевизиската серија ‘Game of Thrones’“, напиша познатиот кошаркар, кој веќе неколку години по ред го посетува југот на Хрватска.

Пред посетата на Дубровник, Меџик и Куки Џонсон ја посетија и Црна Гора. „Возбудливо е кога Куки и јас истражуваме нова земја, а Црна Гора е спектакуларна.  Ова е наша прва посета на оваа земја – таа е убава и луксузна“, напиша тој на Твитер при посетата.

 

Scroll to Top