Меган Маркл и пркоси на кралицата Елизабета

Меган Маркл со тоа што стана војвотка од Сасекс, откако се омажи за принцот Хари, сега мора да се придржува до одредени и прилично остри правила, пренесува Glossy.rs. Но, сепак извор близок до кралското семејство, сведочи дека таа одбива да се одкаже од некои работи кои претставуваат стандардни правила во британското семејство и дека и пркоси на кралицата Елизабета.

Меган го променила начинот на облекување, шминкање, дури и изразување, но некои ситници сепак не планира да ги промени. А, никој не ја ни тера.

Извор близок до кралското семејство вели дека Меган е специфична, многу суптилна и дека и денес изнесува разни политички ставови, како што го правела тоа и пред да се омажи за принцот Хари.

Можеби сега нема социјални мрежи, ниту пак го ужива статусот кој го имала на ѕвезда во серијата Suits, но прославената актерка нема намера да така лесно да се придржува до правилата кои дојдоа заедно со новата животна улога.

Освен што со Хари често се држат за раце и го бакнува и прегрнува во јавноста, Меган обожава да шета со својот омилен пар свилени панталони и така да ја покажува витката фигура.

Кралицата Елизабета не гледа со одобрувањетаа да се носат панталони кога се во прашање членовите на кралското семејство.

Меган можеби го прифати носењето на чорапи, но ракавиците и понатаму уредно ги избегнува. Меган на  суптилен начин и понатаму политички е активна.

„Таа има свој начин на раота и претставувања во јавноста“, изјави некогашниот батлер на познатото кралско семејство, кој пред венчавката истакна дека таа ќе мора да го прилагоди движењето, говорот, исхраната и начинот на држење на шољата за чај во кралското семејство.

 

 

 

 

Scroll to Top