Мелани Грифит е свој најголем непријател

Животот на актерката Мелани Грифит е вистинско холивудско клише – од наградувана и ценета актерка до жена која вртоглаво пропаѓа.

Во осумдесеттите години таа беше номинирана за Оскар, освои Златен глобус, а од сето тоа денес останаа само приказните за хемискиот пилинг на лицето за на 60 години да изгледа како да има 25, приказните за разводот со Дон Џонсон и Антонио Бандерас и бројните статии кои го исмеваат талентот којшто е уништен со безбројните интервенции на пластичните хирурзи.

Најновите фотографии од Мелани Грифит се поразителни. Таа е фотографирана во Западен Холивуд, а сликите покажуваат дека актерката и понатаму не се откажува од радикалните операции и хемиски пилинзи, кои само ја нагрдуваат.

Дури и нејзиниот поранешен сопруг Антонио Бандерас се откажа од неа по 18 години брак, не можејќи да се справи со нејзината несигурност. Тој ѝ даде ултиматум – тој или третманите за подмладување. Мелани се избра себеси.

„Таа самата е свој најголем непријател“, изјави Бандерас во 2015 година.

Scroll to Top