Австрискиот готвач Волфганг Пак (70) кој раководи со империја на ресторани кои се протегаат од Беверли Хилс до Лас Вегас и Сингапур, и годинава, по 26 -пат ќе ја подготвува храната за најпрестижната забава по доделувањето на 92. Оскари-Гувернерскиот бал. Но менито овој пат ќе биде различно- ќе има многу опции за вегани.
„Имаме околу 60 до 70 проценти вегански јадења. Некои од веганските јадења може да ги замениме со месо, ако некој го сака тоа “, изјави Пак на прес-конференција во театарот Долби во Холивуд.
Според славниот готвач, иако ова е прв пат менито во недела, на 9 февруари, да биде претежно растително-базирана, секогаш имало многу вегански избори и досега заради разновидноста на многу негови јадења.
„Ние ја правиме нашата пица со зеленчук на скара со песто“, објасни тој. „Отсекогаш имавме печен зеленчук и одлично рижото кои може да бидат вегански. Отсекогаш имавме многу вегански јадења, никогаш не сме зборувале за тоа “.
И покрај очигледниот тренд, Пак објасни дека не чувствува притисок од претходните награди, при дизајнирањето на неговото мени.
„Ние го правиме она што го правиме, го правиме многу добро и го правиме 26 години“, рече тој.
Сепак, готвачот роден во Австрија е задоволен што шоуто за награди и другите холивудски забави стануваат се повеќе свесни за тоа што има на менито.
„Мислам дека е многу добра работа луѓето да бидат повеќе свесни за исхраната. Дека луѓето се повеќе свесни за здравата исхрана, мислам дека тоа е навистина, за мене, најважната работа. Јас секогаш ќе имам свои земјоделци кои одгледуваат зеленчук за нас, исто така имам рибар кој фаќа риба за нас, така што на тој начин знаеме дека ги добиваме најдобрите состојки. За мене, тоа е најважната работа. Не станува збор за квантитет, туку за квалитет “, вели славниот готвач.
Сепак, сопственикот на „Спаго“ не е сеуште убеден дека има време кога Гувернерскиот бал ќе биде 100 проценти вегански.
„Ако има побарувачка за тоа, јас ќе го сторам тоа“, објасни тој.
Покрај храната подготвена од Пак, ѕвездите на најпопуларната постоскаровска забава ќе ја прослават најголемата филмска ноќ во Холивуд со специјалитети коктели. Енди Сејмур од компанијата Liquid Productions, компанијата што стои зад овој настан, изјави дека ќе служат 12.000 специјализирани коктели на оскаровската ноќ.
Но ѕвездите- и победници и поразени кои на 9 февруари ќе бидат гости во театарот „Долби“ ќе вкусат и од луксузното мени- многу кавијар, пушен лосос и телешко месо-вагу.
Меѓу 18 веганските јадења за 1.500 гости ќе има и печен карфиол, сладок компир темпура, дива печурка болоња и тост од авокадо. Од десерти, гостите ќе избираат меѓу солени колачиња со карамел, пилешки перници со крем од кокос, и равиоли со темно чоколадо и јузу (агруми). Да не ги заборавиме и мини статуетките од чоколадо во вид на Оскари, 5 илјади на број, прелиени со 24 каратно злато, кои исто така ќе бидат вегански, благодарение на производителот на чоколади Валрхона, кој го снабди Пак со околу 400 килограми јагода и чоколадо со вкус на јузу.
Пак, кој работел во некои од најдобрите ресторани во Франција, пред да се пресели во Америка, на 24 години, рече дека додека тој самиот не е веган, сепак ужива да конзумира вегански јадења во неговите многу ресторани. „Сакаме сите да бидат среќни“, изјави тој за време на турнејата во неговата кујна, каде што се подготвуваше за луксузното мени.