Мик Шумахер го возеше болидот на својот татко  

Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаил Шумахер, во пресрет на Формула 1,  трката на патеката Спа во Белгија, го возеше болидот на Бенетон со кој неговиот татко ја оствари првата Ф1 победа пред 25 години.

Со овој потег, на емотивен начин е одбележан големиот јубилеј од првиот триумф на Шумахер кој подоцна освои седум шампионски титули. Неговата здравствена состојба по несреќата на скијање се уште е далеку од посакуваната, но семејството не открива детали за конкретната ситуација.

 

Синот на Михаил, Мик Шумахер одамна ја започна својата автомобилистичка кариера и во моментов настапува во Формула 3. Тој најави дека за многу кратко време може да ги следи чекорите на својот татко и да стане дел од Формула 1 шампионатот.

Scroll to Top