Минаа 24 години од првата снимена епизода на „Пријатели“

Светската позната американска хумористична серија „Пријатели“ прослави 24 години од снимањето на правата епизода. Од кога започна со емитување на 22.09.1994 година, низ периодот беа снимени 236 епизоди во 10 сезони.

На актерите им беше понудено да снимат и 11 сезона, но понудата ја одбиле со објаснување дека тоа би ја уништило репутацијата на серијата.

Филмската куќа Warner Bros го направи видеото во траење од четири минути во кое ги има одбрано најдобрите сцени од култната серија. И една деценија по прекинот на снимањето, обожавателите сеуште со нетрпение ги очекуваат новите авантури на јунаците во серијата.

Актерот Метју Пери (49) во улогата на „Пријатели“ ја оствари својата улога на животот. И денеска сите го препознаваат како Чендлер Бинг. Изминатите месеци тој не се појавуваше во јавноста и не беше активен на социјалнтие мрежи. Пери на почетокот на февруари имаше итна операција на дебелото црево во болница во Лос Анџелес. Неколку месеци мина во болница. Актерот често во јавноста говореше за својата борба со алкохолизмот и разните лекови. Истакна дека бил во лоша состојба и дека не се сеќава на сите сцени од серијата „Пријатели“.

Мет ле Бланк (51) во серијата го глуми ликот на Џои. Мет и денес се занимава со продуцирање на филмови.

Кортни Кокс (Моника) ги полни насловните страни на магазините за тоа како го уништила лицето со боткс и со новите дечковци во нејзиниот живот по разводот. Неодамна раскажа дека се пожалила поради естетските операции.

„Се обидов да победам во трката со времето, но сватив дека тоа е невозможно“, изјавила Кортни.

Таа во моментов се подготвува за венчавката со свршеникот Џони Мекдаидом, а кума ќе и биде колешката од „Пријатели“ Џенифер Анистон (49). Наводно „пријателките“ се зближиле во последните неколку години. Џенифер која ја глумеше Рејчел, по снимањето на „Пријатели“, ја оствари холивудската слава и глумеше во бројни хумористични филмови. Таблоидите ги полнеше и со врската со Бред Пит (54) кој ја остави поради Анџелина Џоли (43).

Лиса Кудров (55) која ја глумеше Фиби, по серијата одигра неколку улоги, но се пожали дека луѓето ја препознаваат само како Фиби.

Дејвид Швимер (51) по улогата на Рос Гелер стана филмски режисер. Неодамна призна дека тешко се носи со славата и дека поради тоа одбил бројни улоги. Ја одбил и улогата во филмот „Луѓе во црно“, кој подоцна ја доби Вил Смит (49) филм кој стана голем хит.

Scroll to Top