„Бев на дното, затворена, во ќош и сакав да се спасам, а спасот некогаш си мислиш дека ќе го најдеш едноставно ако избегаш од овој свет. Да, бев во клиничка депресија и жално е што за тоа се плашиме јавно да зборуваме. Мене многу работи ми се собраа, а кога мислев дека сум ја нашла љубовта на мојот живот, како од ведро небо ме удри разочарувањето. Нема кој да ти помогне, ако не си помогнеш сам. Па јас двапати ќе отидев кога бев во таа состојба. Да, тука се и оние фамозни таблети…Сепак, јас сето ова го надминав и не се плашам да го раскажам“- ова е дел од разговорот со актерката Весна Петрушевска во интервјуто за „Репортер“.
Сите подеми и падови и сè она што ја одбележа како личност, таа реши да го спакува во стенд-ап претставата „Влези не се соблакај“, со која на 13 март во МНТ ќе одблежи 25 години кариера. Вели темата ќе биде умирачката, од која сите се плашиме.
„Секако дека имам трема пред настапов, па трема си е трема. Тоа е одговорност пред публиката“, вели Весна.
И додека сите се прашуваа што бара автомобилот на Весна низ Вардар, таа две дена претходно се соочуваше со пресудата за ќерка си Мина, која беше жртва на полов напад.
За тоа кој го турна автомобилот во Вардар и зошто, за депресијата и разводот, за силата што ја најде да го надмине сето она што ѝ се случи со ќерката Мина, за децата на кои преку приказна им раскажа дека не им е билошка мајка, за театарот, љубовта, диетата….гледајте го интервјуто.
Александра Георгиев