Модните куќи пет месеци ги шиеја фустаните со кои Марго Роби и Џесика Честејн се појавија на „Златен глобус“

Илјада тристе триесет и пет часа или пет месеци им беа потребни на модните куќи да ги изработат фустаните за Џесика Честеј и Марго Роби во кои беа облечени на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Златен глобус“.

Џесика Честејн носеше креација на Оскар де ла Рента. Посебно впечатлив детал е кристалната мрежа која го покрива целиот фустан од деколтето до самиот раб. За овој фустан биле потребни 585 работни часови и дури 16 илјади искршени кристали.

Марго Роби беше облечена во фустан на „Шанел“. За изработка на нежно розовиот фустан биле потребни 750 часа работа. Фустанот бил инспириран од стариот Холивуд, а занаетчиите на брендот Шанел користеле светло розова чипка, свилен тул украсен со светки, монистра и пердуви. Стилот на Марго на црвениот тепих беше надополнет со обетки и дијаманти од 18 каратно бело злато, брош и прстен.

Scroll to Top