Морничави видеа се појавуваат со впишување на еден знак на „Јутуб“, родителите да бидат внимателни

Дури и со сите мерки на претпазливост, не е лесно да се исчисти платформа како YouTube од несоодветна содржина. Најголем проблем е како да се спречи несаканите работи да стигнат до оние кои се најранливи – децата.

Креаторите на овој вид на содржини постојано смислуваат како да поминат низ бројни препреки, па успеаја да прикачат видеа на YouTube од кои родителите ги боли глава. Да биде проблемот уште полош, она што им е забрането веднаш им е поинтересно на децата.

Со внесување на само една точка во пребарувањето на YouTube, резултатите ќе покажат различни морничави видеа, од кои најмладите можат да имаат кошмари.

Покрај „.“ се користат и други знаци или нивни комбинации за „да поминат под радар“. Затоа, родителите мора да бидат уште повнимателни од порано.

Сè на сè, иако YouTube годишно отстранува околу 35 милиони снимки со непристојна содржина, што е околу 90.000 дневно, некои од нив сè уште пловат на површината и допираат до оние на кои најмалку им е потребно – децата.

Текстот Морничави видеа се појавуваат со впишување на еден знак на „Јутуб“, родителите да бидат внимателни е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top