На Антарктикот откриени 91 вулкани!

Активностите на овој вулкански венец би можеле да имаат сериозни последици, предупредуваат истражувачите.
Научниците го открија најголемиот вулкански регион на светот и тоа на два километри под површината на големиот лед на западниот Антарктик.
Проектот на истражувачи од Универзитетот во Единбург, откри речиси 100 вулкани, од кои најмногу ги има на околу 4000 метри.
Геолозите велат дека ова е огромна област и веројатно поголема од африканскиот вулкански гребен, за кого важи дека ја има најголемата концентрација на вулкани на едно место.Активностите на овој вулкански венец би можеле да имаат сериозни последици, предупредуваат истражувачите.

„Кога еден од тие вулкани би проработел, дополнително би ги дестабилизирал ледените гребени на западниот Антарктик“, вели глациологот Роберт Бингам, еден од авторите на трудот.

„Се што предизвикува топење на ледот, а со ерупцијата сигурно би бил предизвикан, само го забрзува распаѓањето на ледениот гребен. Големо прашање е колку се активни овие вулкани. Тоа мора да го утврдиме што побрзо“, вели глациологот Роберт Бингам, за „Гардијан“.

Оваа студија објавена е во специјалната серија на публикации на Геолошкото друштво во Британија вклучувајќи ги и анализите на раните студии кои се служеле со посебни радари за скенирањето на тлото.

Резултатите се споредени со сателитски снимки и геолошки информации добиени во други студии.

„Во суштина, баравме траги на врвови на вулкани кои можат да се видат во ледот“, вели Бингам.

Откако тимот ги собра резултатите, пронајде 91 непознати вулкани, покрај 47-те за кои порано се знаело.

Тие новооткриени вулкани варираат од 100 до 1850 метри висина.

„Бевме зачудени, Не очекувавме да ги најдеме во толкав број. Се сомневаме дека можеби има и повеќе во морското дно, под ледениот гребен Рос, така да на крајот веројатно ќе се испостави дека овој регион е со најголемата густина на вулкани на светот“, вели Бингем.

Откритието е особено важно поради тоа што активноста на овие вулкани, би имала последица по целата планета. Ако еден од нив се активира, би можело да дојде до нагло растење на нивото на морето.

Бингем предупредува на еден загриживачки тренд.

„Поголемата ерупција која во моментов се одвива во светот е во регионите кој релативно неодамна ја изгубија ледената покривка, на крајот на последната ледена доба. Тоа се места, вклучувајќи ја и Аљаска. Во теорија, тоа значи дека без ледот, вулканите се ослободуваат од притисокот и стануваат активни“, вели овој научник.

Тоа би можело да се случи и на западниот Антарктик, каде приметен и значителен пораст на температурата предизвикана од климатските промени, кои веќе влијаат на ледениот гребен. Ако значително се намалат, тоа би можело да ги ослободи вулканите кои лежат под ледот.

„Тоа е нешто што мораме внимателно да го следиме“, вели Бингем.

 

Scroll to Top