Името на модниот дизајнер Пако Рабан кој почина на 89-годишна возраст најчесто се поврзува со парфемите, а првиот го направил кога ја остварил соработката со компанијата „Puig“. Осум години подоцна направил фабрика за парфеми, а во наредните децении името на Пако Рабан стана синоним за квалитет.
Модниот дизјанер на француски модерен шик засекогаш ќе остане запомнет како дизајнер на костимот за филмот „Барбарела“ од 1987 година, но и костимитесо негов потпис кои ги носела актерката Џејн Фонда.
Jane Fonda, costumed by Paco Rabanne, in publicity photos for the science fiction film Barbarella (France/Italy, 1968) pic.twitter.com/MKn1rfcWwt
— Tanja (@T__twitt) December 13, 2020
Но модните критичари сметаат дека неговиот најдобро дизјаниран фустан е направен една година подоцна.
Тој станал легендарен, а направен бил специјално за Одри Хепберн за филмот Two for the road. Креиран од акрилни дискови споени со тенки метални ланци.
Пако Рабан својата прва колекција ја направил во 1967 година и ја нарекол „12 неносливи фустани во современи материјали“ во која користел метал, алуминиум, пластика и други неконвенционални материјали заедно за да направи средновековна гардероба.
Оваа колекција го вознемирила модниот свет, а тој подоцна преминал од пластика на метал, хартија, крзно.
Жилијен Досен, уметнички директор на куќата „Пако Рабан“, овој фустан го реинтерпретирал за својата колекција есен/зима 2018/2019 година.
Минатата година овој фустан го носела Ел Фанинг во кампањата за новиот парфем Пако Рабан.
Elle Fanning for the Paco Rabanne’s new fragrance “Fame” pic.twitter.com/hAoTc1Qy56
— Elle Fanning Daily (@ElleFanning_FR) July 1, 2022