Најголемиот тенор на денешницата, Пласидо Доминго, вечерва настапува во арената „Борис Трајковски“

Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми музички награди, Пласидо Доминго, вечерва настапува во арената „Борис Трајковски“ во Скопје заедно со водечкиот сопран во светот, Марија Хозе Сири и оркестарот на Македонската опера и балет.

Диригент ќе биде Жорди Бернасер од Шпанија кој од 2012 година соработува со Пласидо Доминго.

Првиот дел од концертот ќе биде со дела од италијанската музичка литература, а во вториот дел Доминго ќе го претстави шпанското музичко творештво и неколку арии од оперетите на Штраус и Лехар.

Во пресрет на концертот, Доминго во видеопорака за македонската публика најави концерт што ќе ги разбуди сите емоции и ќе направи моменти кои се паметат засекогаш.

Scroll to Top