Најстарата Американка почина на 115 години, ги надживеа и децата

Најстарата Американка Беси Хендрикс почина на 115 години. Починала во Центарот за нега Шеди Оукс во Лејк Сити, Ајова. Според Геронтолошка истражувачка група, беше четврта најстарата личност во светот и ги надживеа 2 од петте деца. Нејзиното најстаро дете има 90 години.

Беси е ордена на 7-ми ноември во 1907 година, а последниот роденден го прослави во старечки дом каде била сместена. Кога имаше 110 години рече дека тајната за долгиот живот е напорната работа.

Во моментов најстара личност во светот е Французинката Лусил Рнадон која има 118 години. За потсетување, Жан Калмен, исто така од Франција била регистрирана како една од најстарите лица која почина во 1997 години на 122 години.

 

Scroll to Top