Навивачите на Бешикташ подарија илјадници плишени играчки за децата погодени од земјотресите

Бешикташ и Анталијаспор одиграа без голови, но главна вест се навивачите на турскиот гигант кои го одушевија светот откако фрлија на теренот илјадници играчки за барем малку да им ги разубават моментите на децата што останаа без дом и без семејства по катастрофалните земјотреси во Турција.

Точно во 04:17 минути од почетокот на мечот, тие ги фрлија играчите на теренот и привремено го прекинаа натпреварот. Тоа е асоцијација на 04:17 часот наутро, кога се случи разорниот земјотрес во јужниот дел од Турција.

Според последните информации кои ги објавија турските власти, во разорните земјотреси загинаа над 44 илјади луѓе, илјадници се раселени, а многу живеат во импровизраните градови со шатори и контејнери.

Scroll to Top