Нема кој друг да ја чува македонската песна, освен ние, вели Наум Петрески откако ја отпеа „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“

Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ ја отпеа Наум Петрески, а по аранжман на Николче Мицевски.

„Оваа песна е легендарна за нас Македонците и треба да се негува, впрочем, како и сите патриотски песни кои оставиле трага во нашата историја. Чест ми е што ја пеам во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“, а уште посреќен сум што можам да испратам една убава порака, особено до младите – да продолжат да ја чуваат македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува, особено во ова време кога секојдневно и од сите страни сме напаѓани“, вели Наум.

„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ е отпеана во чест на македонскиот револуционер и просветен деец, а, според историчарот Коста Црнушанов, истата е создадена брзо по смртта на Миле. Според други извори, пак, била отпеана уште на неговиот погреб. Во 2006 година оваа песна е прогласена за официјална химна на градот Велес.

“Ова е петтата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, составен од 12 композиции во изведба на 12 изведувачи. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот во чии рамки јавноста уште ќе ги чуе и види и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова; се потпишува Скендеровски продукција.

Кон крајот на летото публиката ќе има можност сите 12 песни да ги слушне и во живо, бидејќи во план е и концертен караван кој под истото име ќе гостува во неколку македонски градови – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас.

Scroll to Top