Ноле им честиташе на Хрватите за освоеното сребро

Честитки до Хрватска за освоеното сребро на Светското првенство стигнаа и од Србија, од Новак Ѓоковиќ.

„Сакам да му честитам на Лука Модриќ и на целата хрватска репрезентација за извонредниот успех. Многу е убаво да се види така мала земја да оствари толку голем успех на светската сцена. Без разлика дали станува збор за тенис, ватерполо, кошарка“, изјавил Ѓоковиќ во интервјуто за Радио-телевизија Србија.

„Убаво е да се остварат светски успеси и индивидуалците да бидат препознати како најдобри играчи на првенството“.

Ѓоковиќ во неделата го освои Вимблдон по четвртпат во кариерата, а на „коцкестите“ порака со поддршка им испрати уште од првиот ден на првенството. Исто како што и хрватските репрезентативци го поддржуваа него.

 

Scroll to Top