Норвежанка постави нов светски рекорд: искачи 14 врва повисоки од 8.000 метри за 92 дена

Норвежанката Кристин Харила и нејзиниот водич Тенџен (Лама) Шерпа ги искачија сите 14 врва повисоки од 8.000 метри за период од три месеци. Тие поставија нов светски рекорд.

„Тие станаа луѓе кои најбрзо ги искачија сите 14 врва“, потврдил Таши Лакпа Шерпа, директорот на компанијата „Севн самит трекс“, која обезбедува логистика за планинарите.

Харила и Тенџен ја почнаа својата серија на 26 април, кога го искачија врвот Шишапангма во кинескиот регион Тибет и за сите 14 им требаа само 92 дена. Останатите врвови повисоки од 8.000 метри се наоѓаат во Непал (осум) и Пакистан (пет).

Досегашниот рекордер беше Непалецот Нирмал Пурџа, кој го оствари овој подвиг за нешто повеќе од шест месеци во 2019.

Scroll to Top