Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова веќе се спрема за велигденските празници. Вели дека во населбата Влае сите жени од нејзината фамилија со години екипно вапсаат јајца, па ќе се потруди така да биде и овој пат.
Всушност, нема тема кај професорката Давкова зад која не се крие приказна. Спонтана, комотна и непосредна кога раскажува, сеедно дали е тоа муабет за мини здолништата во кои излегувала некогаш во диско или како е да си универзитетски професор на генерации студенти.
„Јас бев одлична ученичка, со сите петки. Носев мини, ама ептен мини. И секогаш сакав да се дружам со слаби ученици, затоа што тие ми беа предизвик“, раскажува Сиљановска-Давкова, од чии тестови на час препишувал и Златко Калински.
Се вљубила во средно во „бунтовникот“ Благоја, кој денес ѝ е сопруг, па заради него не отишла во САД. Се кае ли заради одлуката, за љубовата и бракот, за дружбата со министерката од СДСМ Рената Десковска, за ноќните излегувања, модата од тоа време и сега, рок-музиката на која не додржува а да не заигра, Гордана секогаш има што да каже. Гледајте го интервјуто:
Александра Георгиев