Новата снимка на Северина ја шокираше јавноста, пејачката се посрамоти: „Морам да се депилирам“

Пејачката Северина Вучковиќ ги шокираше своите следбеници со слики од Тајланд каде што се наоѓа моментално. Таа објави серија фотографии во црн костим за капење, а сега објави и нови слики.

Имено, пејачката одлично се забавува на Тајланд во друштво на ПР-менаџерот Давор Гргин, а по неверојатната објава од базен, таа изненади со нови снимки на својот инстаграм на кои се забавува со „филтер“ што создава мустаќи на лицето.

Таа пиеше вино во костим за капење и со „мустаќи“ на лицето, се пошегува дека „се разбудила со нешто на лицето и има потреба од депилација“.

Северина престојува во хотел со базен и прекрасен поглед, ужива во топлите денови и сончевите зраци, а често ги почестува своите фанови со фотографии од плажа.

Scroll to Top