Осум македонски скијачи ќе учествуваат на Светското првенство во Словенија

Македонија ќе има осум претставници на престојното Светско првенство во нордиско скијање. Првенството ќе се одржи во алпаската долина Планица во Словенија, од 21 февруари до 5 март.

Сара Јосимовска и Матеја Трајковска ќе учествуваат на квалификациската трка на 5 километри во слободен стил, додека Благоја Најденоски и Давид Торевски во на квалификациите за трката на 10 километри во слободен стил. На Ана Цветановска ѝ претстојат настапи на 1,4 километри класичен стил, 10 километри слободен стил, скијатлон 15 километри, а заедно со Матеја Трајковска ќе ги одмерат силите во категорија тим-спринт. Ставре Јада ќе учествува во трката на 1,4 километри класичен стил, 15 километри слободен стил, додека, настапот во тим-спринт е во друштво на Дарко Дамјановски.

Овогодинешните настапи на Дарко Дамјановски ќе бидат и на 1,4 километри спринт и 15 километри слободен стил.

„Нашиот тим на скијачи е во одлична форма и целосно подготвен за настап на претстојното Светско првенство во нордиско скијање 2023, кое се одржува на прекрасната алпска долина Планица во Словенија“, информираат од Скијачката федерација на Македонија.

Scroll to Top