Осум турски телевизии собраа шест милијарди долари за настраданите во земјотресите

Познатите турски актери беа дел од телевизискиот пренос на осум турски телевизии кои преку телефонски јавувања донираа за настраданите во земјотресите.

Шест милијарди долари се собрани од вкупно осум телевизии преку пренос во живо во кој граѓаните донирале за настраданите во земјотресите.

Собраните пари ќе бидат наменети за жителите од 11-те погодени провинции, а во кампањата насловена “Türkiye One Heart” биле вклучени ATV, FOX, Kanal D, Kanal 7, Show TV, Star TV, TRT 1 и TV8,

За време на телевизискиот заеднички пренос биле испратени повеќе од девет милиони СМС пораки како донација. За време на преносот во живо во турските телевизии биле вклучени познати ликови од уметноста, културата, бизнисот и спортот.

Според последните извештаи над 35.400 луѓе настрадаа во катастрофалниот земјострес во Турција, а повеќе од 105.500 се повредени.

Фото: TRT World

Scroll to Top