Елтон Џон како и голем број други познати светски ѕвезди најави дека ќе го избрише „Твитер“ профилот, откако Илон Маск ја превзеде компанијата. Британскиот музичар во петокот го објави последниот твит.
„Целиот живот се обидував преку музиката да ги зближам луѓето. За жал сега гледам како дезинформациите се користат да не разделат“, објави Џон.
Пејачот во моментов ја одржува последната светска турнеја и објасни дека си заминува од „Твитер“ заради неодамнешната промена на политиката на компанијата.
„Одлучив повеќе да не користам „Твитер“ заради неодамнешната промена на политиката. Мислам дека дезинформациите сега ќе цветаат без контрола“, објасни Џон.