Со Нејмар, ПСЖ ќе биде најскапиот фудбалски тим во историјата

By
Со донесувањето на Нејмар, и со можно уште некое засилување, од скапоцените староседелци, ПСЖ ќе го има најскапиот тим во историјата на фудбалот.ФК Пари Сен Жермен, е вистински моќен тим кој можеби е и најскап во историјата на фудбалскиот свет.Со донесувањето на Немјар, и останатите играчи, кои се поставени во формацијата, овој тим ќе вреди милијарди.

dobivaj vesti na viber

И пред „ерата на Нејмар“, Парижани трошеа како забеган пијаница во кафана, за да го добијат најмоќниот тим во Европа. Засега, големите пари не им помагаат да дојдат до трофејот на Лига Шампиони, но од година во година се се поблиску до најпрестижниот европски пехар.

Делува дека е само прашање на време кога ќе го зграбчат.

Со Златан Ибрахимовиќ како лидер, екипата за четири сезони ќе воспостави брутална доминација во Франција, но веќе во првата сезона без спектакуларниот Швеѓанец, заглавија: Титулата е изгубена, па повторно се јави потреба да се ангажира играч од рангот на „Ибракадабра“ и проектот на милијардерот Ел Келафиј, беше подигнат за уште едно повиско ниво.

Изборот падна на Бразилецот чиј трансфер, ако се гледа само од точка на парите кои се инвестирани, ги засени сите досегашни трансфери во историјата на фудбалот.

Но, во ПСЖ не е само Нејмар, тоа, веројатно, на сите им е јасно.

Во позадина на фанфарот во сенка на блескавиот театар, на кој зачекори Нејмар, се наоѓаат врвни играчи кои ПСЖ ги зема во претходната сезона и кој овој тим во овој момент го прават, веројатно најскапиот во историјата на фудбалот, можеби и спортот, без претерување.

Да не одиме до ситници, ќе споменеме само некои од тие кои ја прават првата постава, која треба да ги оправдаат големите очекувања во наредната сезона.

Тијаго Силва, Лавин Курзава, Шерж Уријер, Маркинјос, Дани Алвес, Марко Верати, Лукас Мура, Анхел Ди Марија, Хатем Бен Арфа, Јулијан Дракслер, Хавијер Пасторе, Адреин Рабио, Нејмар, Едисон Кавани, Хесе, Гонсало Гуедез – не треба дигитрон за да се направи пресметка: Ова е тим од околу милијарда евра (ако се собере и обештетувањата за споменатите)!

Да не заборавиме дека со Нејмар, ПСЖ не заврши со трансферите и преодниот трасфер период…

 

 

Tag fcb fans lol

A post shared by PRESS BLUE BUTTON IF YOULIKE⚽🔝 (@soccerball_official) on

Ќе ви се допадне