Ози Озборн ќе има приватен погреб, обожавателите ќе можат да му оддадат последна почит кога поворката ќе минува низ Бирмингем

Обожавателите утре ќе имаат можност да му оддадат последна почит на легендата на хеви-метал музиката, Ози Озборн, кога поворката ќе патува низ неговиот роден град Бирмингем. Телото на пејачот на „Блек сабат“ ќе биде во поворка што ќе се движи по Брод стрит во центарот на градот од 13 часот в среда“, објави Би-би-си.

Погребното возило ќе ги мине мостот „Блек сабат“ и клупата на која илјадници обожаватели оставија пораки и положија цвеќе. Градоначалникот на Бирмингем, Зафар Икбал, рече: „Ќе оддадеме последна почит на една од најголемите живи легенди на Бирмингем“.

Озборн почина на 76-годишна возраст на 22 јули.

Неговата смрт е на помалку од три недели по учеството, заедно со своите колеги од бендот, на прошталната свирка на „Блек сабат“, „Назад кон почетокот“. Десетици музичари, вклучувајќи членови на „Металика“ и на „Аеросмит“, настапија на концертот во Вила „Парк“.

Погребната поворка, која е планирана пред приватниот погреб на Озборн, ќе му овозможи на неговото семејство да ги види многуте спомени што ги оставиле неговите лојални обожаватели оддавајќи му почот.

Локалните музичари од „Бостин брас“ ќе ја придружуваат поворката. Опишувајќи го како син на Бирмингем, Икбал рече: „Тој го стави Бирмингем на мапата. Тој го стави Астон на мапата“.

Луѓе од далечни места, како Мексико, САД и Полска, оттогаш патуваат во градот за да додадат на морето цвеќиња и пораки на мостот „Блек сабат“.

„Брод стрит“ ќе биде затворен за сообраќај од 7 часот в среда, а трамваите и автобусите ќе бидат пренасочени во текот на денот и ќе бидат повторно отворени што е можно побргу по настанот, изјави портпаролот на градскиот совет.

 

Scroll to Top